Украинските воено разузнавачки власти не очекуваат руските трупи да се повлечат од окупираниот град Херсон во јужна Украина, пренесе ДПА.
Напротив, руската армија се подготвува да го одбрани градот, изјави денеска во Киев шефот на разузнавачката служба Кирило Буданов.
– Руските окупатори прават впечаток дека го напуштаат Херсон, но всушност таму распоредуваат нови воени единици – изјави тој за порталот „Украинска правда“.
Изјавите на Буданов не можат независно да се проверат, ниту пак оние на руската страна за ситуацијата во Херсон.