Украинската делегација пристигна покрај украинско-белоруската граница, каде треба да се одржат преговори со претставници на Руската Федерација.
Според Укринформ, ова било објавено на Телеграм од кабинетот на украинскиот претседател.
Делегацијата е составена од шефот на фракцијата Слуга на народот – Давид Аракамија, украинскиот министер за одбрана Алексиј Резников, советникот на шефот на кабинетот на претседателот Михајло Подолијак, првиот заменик шеф на украинската делегација во Трилатералната контакт група – Андриј Костин, пратеникот Рустем Умеров, како и заменик министерот за надворешни работи Микола Точицки.
Според кабинетот на претседателот, клучното прашање на разговорите би било итен прекин на огнот, како и повлекување на војниците од Украина.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски соопшти во текот на вчерашниот ден, дека разговарал со Александар Лукашенко. По разговорот, „паднал“ договор за состанок на украинска делегација со руска, без предуслови, на украинско-белоруската граница, близу реката Припјат.
Лукашенко презел одговорност за обезбедување „сите авиони, хеликоптери и проектили, стационирани на белоруска територија, да останат на земја за време на патувањето, разговорот и на враќањето на украинската делегација“.
На 24 февруари, рускиот претседател Владимир Путин го соопшти почетокот на руската инвазија врз Украина.