Украина денеска ги повика жителите на областа околу нуклеарната централа Запорожје да се евакуираат заради сопствена безбедност.
– Апелирам до жителите на областа во близина на нуклеарната централа Запорожје … евакуирајте се! Најдете начин да стигнете до територијата под (украинска) контрола. Ве чекаме и ќе ви помогнеме – напиша украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на социјалните мрежи.
Дмитро Орлов, протераниот градоначалник на Енергодар, кој ја опслужува нуклеарната централа, на Телеграм изјави дека градот е под оган од руските сили и нема струја.
Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа