Брутална заседа среде бел ден во понеделникот во јужното атинско предградие Глифада беше последното поглавје во бруталната војна меѓу турските организирани криминални групи кои дејствуваат во Грција, пренесува електронското издание на Катимерини.
Вооружени лица, наводно шестмина, нападнале тројца мажи пред обложувалницата ОПАП Плеј во понеделникот наутро. Нападот ескалирал во улична потера, при што двајца загинале и еден е повреден. Властите пронајдоа 25 чаури од местото на настанот.
Набргу потоа, грчката полиција уапси двајца осомничени во близина на планината Имитос во источна Атика, пронајдоа огнено оружје и фрлена облека поврзани со злосторството. Двајцата осомничени, неодамна пристигнати од Турција, немале претходна евиденција во Грција.
Инцидентот е последен во серијата насилни инциденти во кои се вклучени турски државјани.
Само неколку недели претходно, полицијата спречи планиран напад на банда со бел „опел“, при што заплени оружје и уапси еден осомничен.
Убиството на 5 ноември во Атина и масакрот од висок профил во септември 2023 година во Лутраки, приморско одморалиште на Коринтскиот залив, се само неколку од инцидентите кои го истакнуваат ескалирањето на насилството, додава весникот.
Грчките власти го припишуваат овој развој на војните меѓу петте големи турски криминални синдикати, кои ја користат Грција како центар за избегнување на турските органи за спроведување на законот и за решавање на ривалствата.