Турција ќе ги продолжи разговорите за продолжување на договорот за жито од пристаништата на Црното Море, кој почнувајќи од 18 март ќе трае уште 120 дена, а не 60 дена, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.
– Почнавме преговори за првичната верзија на договорот. Важно е продолжувањето на договорот. Ќе разговараме со контактите за продолжување за 120 дена, наместо за два месеци – изјави Акар, пренесе турското Министерство за одбрана.
Претходните денови преговорите се интензивираа пред истекот на постојниот договор, а Русија вчера соопшти дека договорот ќе биде продолжен на 60 дена.
– Потписниците на договорот ќе проценат и ќе одлучат за натамошното продолжување на договорот – додаде Акар, велејќи дека Анкара се надева на позитивен исход од разговорите.
Откако Русија и Украина го потпишаа Договорот за жито на иницијатива на Турција, а со покровителство на ОН на 22 јули минатата година, милиони тони се извезени од украинските пристаништа.