Иранските дипломати ја напуштија Сирија пред нападот на бунтовниците врз Иранската амбасада во Дамаск, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај.
Багај за „Техеран Тајмс“ рече дека иранските дипломати ја евакуирале Иранската амбасада во Дамаск пред нападот од „непознати лица“ рано утрината.
Портпаролот потврди дека иранскиот персонал е безбеден и дека ја напуштил амбасадата пред нападот.