Светската здравствена организација објави дека ќе започне да користи нов термин – „мпокс“ – како синоним за мајмунски сипаници и ги повика другите да го следат примерот по реакциите дека сегашното име на болеста е расистичко и стигматизирачко.
– И двете имиња ќе се користат истовремено во период од една година, а терминот ‘мајмунски сипаници’ ќе биде укинат – соопшти СЗО.На почетокот на годината, организацијата започна јавни консултации со цел да се најде ново име за болеста.

Еден од најпопуларните предлози беше името „мпокс“ или „Мпокс“, предложено од машката здравствена организација РЕЗО. Нејзиниот директор рече дека отстранувањето на фотографии од мајмуни придонело луѓето сериозно да ја сфатат итната здравствена ситуација.
Мајмуните сипаници биле откриени во 1958 година и го добиле името по првите животни – мајмуните – кои покажале симптоми. До оваа година претежно се ширеа во земјите од Западна и Централна Африка. Сепак, од почетокот на годинава, според податоците на СЗО, 110 земји во светот пријавиле околу 80.000 случаи на болеста и 55 смртни случаи.