Фото: принтскрин

Кремљ соопшти дека платеничката група „Вагнер“ законски не постои, кога од нив беше побарано да ја коментираат британската одлука, „Вагнер“ да се означи како „терористичка организација“.

– Нема што да се коментира, можеби само да се додаде дека, правно гледано, не постои таква група – изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Британскиот министер за внатрешни работи Суела Браверман го опиша „Вагнер“, приватна паравоена група порано предводена од покојниот Евгениј Пригожин, како „насилна и деструктивна“, додавајќи дека „Вагнер“ дејствувал како „воена алатка на Русија на Владимир Путин во странство“.