Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика на „максимална воздржаност“ во Украина изразувајќи „длабока загриженост“ за кризата во земјата.
-Двете страни да го задржат моментумот на преговорите, да ги надминат потешкотиите и да ги продолжат разговорите се додека не се постигнат резултати, како и да се спречи хуманитарна криза од поголеми размери – цитираат кинеските медиуми извадоци од видео-разговорот што Си денеска го имал со францускиот претседател, Емануел Макрон и германскиот канцелар, Олаф Шолц.
Кина е близок партнер на Русија и одбива да ја осуди воената интервенција на Москва во Украина.