Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја повика Кина да ја притисне Москва да ги повлече своите војници од оваа земја, пренесоа светските медиуми.
Според Шолц, разочарувачки е тоа што Кина се воздржува од осуда на руската инвазија. Сепак, федералниот канцелар ги поздрави напорите на Пекинг за намалување на нуклеарните тензии.
– Мојата порака до Пекинг е јасна: искористете го вашето влијание во Москва за да повикате на повлекување на руските трупи. „И не му испорачувајте никакво оружје на агресорот Русија – рече Шолц во говорот во германскиот Парламент.