Северна Кореја денеска потврди дека истрелала интерконтинентална балистичка ракета со цел, како што наведе, „да им влее страв на непријателите“.
Официјалната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА објави дека претседателот Ким Џонг-ун го надгледувал пробното лансирање на ракетата Хвасонг-17 и ја нагласил целта да се „внесе страв кај непријателите“ поради, како што рекол, „отвореното непријателство“ покажано кон Северна Кореја со заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја.
Ракетата била лансирана под висок агол за да се избегне територијата на соседите на Северна Кореја, а проектилот достигнал максимална височина од 6.045 километри и поминал 1.000 километри пред да падне во водите на источниот брег на земјата – соопшти КЦНА.