Фото: Принт-скрин

Серија силни експлозии одекнаа во центарот на Херсон, во близина на телевизиската кула, која е под контрола на руските сили, јави „Си-ен-ен“.

На видеоснимка, објавена на социјалните мрежи, се гледа експлозија во воздух. „Си-ен-ен“ наведува дека ја потврдиле автентичноста на снимката.

Руските државни медиуми јавуваат дека Украина истрелала три ракети врз градот кој од почетокот на март е под руска контрола. Соборени се две ракети, пренесуваат медиумите.

Градот Херсон во јужниот дел на Украина ќе премине кон користење на рубљата од 1 мај, објавија руски државни медиуми.

Кирил Стремусов, заменик-претседател на воено-цивилната администрација на регионот, изјави дека транзицијата ќе се одвива во период од четири месеци, во кој ќе бидат во оптек руската рубља и украинската гривна, пренесува „Би-би-си“.

– По тој период, регионот целосно ќе премине кон користење на руската валута – додаде Стремусов.