Руските стратешки ракетни сили почнаа планирани вежби во кои се вклучени мобилните нуклеарни интерконтинентални балистички ракетни системи „Јарс“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
– Во вежбите се вклучени над 3.000 војници и околу 300 парчиња опрема – се додава во соопштението на Министерството за одбрана.