Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржува состанок со високи руски претставници за украинската инвазија врз Курск.
– Ве собрав да разговараме за ситуацијата што моментално се развива во пограничните региони на Русија – рече Путин на отворањето на состанокот.
Иако Москва досега се обидуваше да го намали значењето на ненадејниот украински упад на 6 август, евакуирани се 133.190 луѓе од „опасната“ погранична област – рече вршителот на должноста регионален гувернер.
Првиот вицепремиер Денис Мантуров додаде дека Владата ја проценува штетата врз земјоделството и индустријата во регионот бидејќи, како што рече, украинската офанзива врз Курск не покажува знаци на забавување.