Соопшти Крајбрежната стража на САД
Отпадоците пронајдени недалеку од остатоците на Титаник се совпаѓаат со „катастрофалната имплозија на подморницата Титан“, што исчезна во неделата, час и 45 минути по нуркањето, соопшти синоќа американската крајбрежна стража.
Контраадмиралот Џон Маугер од американската крајбрежна стража на прес-конференција во Бостон изјави дека најверојатно имало експлозија во подморницата.
– Големината на полето со остатоци одговара на катастрофална имплозија на подморница – рече Маугер по објавувањето на веста за смртта на екипажот.
Екипажот на подморницата „Титан е изгубен“, а нејзината рамка за спуштање до дното и задниот капак се пронајдени денеска меѓу остатоците недалеку од потонатиот брод Титаник, соопшти компанијата „Оушн Гејт“.
– Сега веруваме дека нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзаде Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наргеоле, за жал се исчезнати – наведе приватната компанија во соопштение.