Поранешен службеник на ЦИА е осуден на 40 години затвор поради протекување податоци до кои дошол Викиликс. Тој е осуден по повеќе обвиненија: шпионажа, компјутерско хакирање, непочитување на судот, давање лажни изјави пред ФБИ и поседување слики за сексуална злоупотреба на деца.
– Џошуа Шулти ја предаде својата земја со извршување на некои од најгрозоморните злосторства на шпионажа во американската историја – рече јавниот обвинител.
Шулти ги отфрли сите обвинувања.
Обвинителите го обвинија дека ги обелоденил алатките на ЦИА „Волт 7“, кои им овозможуваат на разузнавачите да хакираат паметни телефони и да ги користат како уреди за прислушување.
Шулти (35) му дал на Викиликс 8.761 документ во 2017 година, што е најголемото нарушување на податоците во историјата на ЦИА, соопшти американското Министерство за правда.
Според „Си-ен-ен“, Шулти бил вработен како програмер во Центарот за кибер разузнавање, кој шпионира терористички организации и странски влади. Обвинителите на судењето изјавија дека во 2016 година тој ги украл информациите и ги дал на Викиликс, а потоа ги излажал агентите на ФБИ за неговата улога.
Тие рекоа дека бил мотивиран од гнев поради кавга на работното место и сакал да ги казни оние за кои сметал дека биле неправедни кон него. Тој е во затвор од 2018 година.