Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, потврдил дека ја сменил рутата на својот конвој и дека војниците приватна армија се враќаат во базите.
Претходно, белорускиот претседател Александар Лукашенко телефонски разговарал со шефот на паравоената група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој, како што соопшти прес-службата на белорускиот претседател, го прифатил предлогот да се запре движењето на неговите борци на територијата на Русија и да се заземат чекори за деескалација на тензиите.
Се наведува дека постои нацрт на прифатлива опција за решавање на ситуацијата со „Вагнер“, која вклучува безбедносни гаранции за неговите борци – пренесе „РИА Новости“.
Се нагласува дека разговорот меѓу Лукашенко и Пригожин се одвивал со согласност на претседателот на Русија, Владимир Путин.
Се додава дека преговорите траеле цел ден и дека резултатот бил „договор за недозволивоста да се започне крвав масакр на територијата на Русија“.