Фото: Принтскрин

Поранешна секретарка која работела за командант на нацистички концентрационен логор, е осудена за соучесништво во убиства на 10.505 луѓе.

Ирмгард Фурнер (97) била ангажирана како тинејџерка дактилографка во Штутхоф и работела таму од 1943 до 1945 година.

Фурнер, една од ретките жени на кои им се суди за нацистичките злосторства во последните децении, доби двегодишна условна затворска казна.

Иако била цивилен работник, судијата се согласил дека е целосно свесна за она што се случувало во кампот.

На судењето ѝ беа потребни 40 дена да го прекине молкот кога пред судот изјави: „Жал ми е за сè што се случи“.

Бидејќи во тоа време таа била помлада од 21 година, судењето се одвивало во специјален суд за малолетници.

– Жал ми е што тогаш бев во Штутоф – тоа е сè што можам да кажам – рече таа.

Нејзините бранители тврдеа дека таа треба да биде ослободена бидејќи нема докази оти знаела што се случува во кампот, како и оти била една од неколкуте дактилографки во канцеларијата на Хоуп.

Се смета дека околу 65.000 луѓе загинале во ужасните услови во Штутоф, вклучувајќи еврејски затвореници, нееврејски Полјаци и заробени советски војници.

Штутхоф, кој се наоѓа во близина на денешниот полски град Гдањск, користел разни методи за да ги убие своите затвореници и илјадници умреле во гасните комори таму од јуни 1944 година.

Судот во Ајсенхо во северна Германија ги сослуша преживеаните од кампот, од кои некои починаа за време на судењето.

Кога почна судењето во септември 2021 година, Ирмгард Фурнер побегна од својот дом за стари лица и на крајот беше пронајдена од полицијата на улица во Хамбург.

Командантот на Штутхоф, Пол-Вернер Хоуп, беше затворен во 1955 година поради соучество во убиството и беше ослободен пет години подоцна.

Германија има серија гонења од 2011 година откако со пресудата на поранешниот чувар на нацистичкиот логор на смртта, Џон Демјанјук, беше преседан дека да се биде чувар е доволен доказ за да се докаже соучесништво.

Пресудата исто така значеше дека на цивилната работничка Фурнер може да ѝ се суди бидејќи таа работела директно со командантот на логорот и се занимавала со преписката за затворениците од Штутхоф.

Историчарот на судењето изјави дека 27 транспортери со 48.000 луѓе пристигнале во Штутхоф помеѓу јуни и октомври 1944 година откако нацистите решиле да го прошират логорот и да ги забрзаат масовните убиства со употреба на гасот зиклон Б.

Судењето на Фурнер може да биде последното во Германија за злосторствата од нацистичката ера, иако неколку случаи сè уште се под истрага.

Два други случаја беа изведени на суд во последните години за нацистичките злосторства извршени во Штутхоф.

Минатата година, поранешниот чувар на логорот беше прогласен за ненадлежен да му се суди иако судот рече дека постои „висок степен на веројатност“ дека тој е виновен за соучесништво.

Во 2020 година друг чувар на логорот на СС, Бруно Деј, беше осуден на две години затвор под сомнение за соучесништво во убиство на повеќе од еден затвореник.