Фото: Пиксабеј

Колку железо треба да се внесува во текот на денот? Одговорот на прашањето зависи од самиот организам

Автор: Д-р Ана Мадиќ

Витамините и минералите играат важна улога во зачувувањето на здравјето. Железото не е исклучок. Светската здравствена организација предупредува дека 80 отсто од населението во светот страда од недостиг на железо. Ако вие сте дел од останатите 20 отсто – продолжете така. Но ако сте дел од мнозинството овој текст е наменет за вас.

Железото е дел од секоја клетка на телото и има огромна улога во создавањето на силен имунолошки систем. Организмот не произведува железо, туку го апсорбира преку тенкото црево. Недостаток на железо кај децата предизвикува забавено растење и проблеми во однесувањето. Кај бремени жени кои што имаат дефицит на железо, има голем ризик од предвремено раѓање и мала телесна тежина на новороденчето. Благодарение на железото во еритроцитите, сите клетки во нашето тело се снабдуваат со кислород, којшто е неопходен за нивниот опстанок, како и за функционирање на сите ткива и органи. Поголем дел на железото што го внесуваме во телото, преку храната или на друг начин, се користи за производство на хемоглобин којшто носи кислород, додека преостаната количина на железо се складира како феритин.

СИМПТОМИ ПРИ НЕДОСТАТОК НА ЖЕЛЕЗО
– недостиг на енергија и замор;
– вртоглавица;
– главоболка;
– бледило околу очите, внатрешноста на устата и ноктите;
– тахикардија;
– низок крвен притисок;
– тенки и кршливи нокти;
– намален апетит;
– кршлива и сува коса;
– престанок на здив при физичка активност (глад за воздух);
– намален имунитет и склоност кон инфекции;
– нарушен сон;
– болки во абдомен.

ПРЕПОРАЧАНИ ДНЕВНИ ПОТРЕБИ
Колку железо треба да се внесува во текот на денот?
Одговорот на прашањето зависи од самиот организам. Најмногу железо треба да се внесува во периодот на растење, поточно кај децата и тинејџерите. Исто така и бремени жени и жени со обилен месечен циклус треба да внесуваат поголемо количество на железо. Препорачани дневни потреби на железо се:
– деца (1 – 10 години) – 7 до 10 милиграми;
– жени (19 години и нагоре) – 18 милиграми;
– мажи (19 години и нагоре) 8 милиграми;
– бремени жени – 27 милиграми;
– жени што дојат – 9 – 10 милиграми.

ХРАНА БОГАТА СО ЖЕЛЕЗО
Железото не може да се синтентизира во организмот, затоа е потребно редовно да се зема со храна. Железото не се апсорбира лесно во телото. Расположливоста на апсорбирањето е одредена во зависност дали железото е во форма на хем железо или не – хем железо.
Хем железото се наоѓа само во месо, риба и живина како составен дел на хемопротеините (хемоглобин и миоглобин) и се апсорбира многу полесно во организмот за разлика од не – хем железото кој го има во овошје, зеленчук, јатки и семиња. Во текот на желудочната фаза на варење на храната, ниската вредност на пе-ха (pH) во желудникот заедно со протеолитичките ензими се одговорни за издвојувањето на хемот од хемопротеините.

Железото во еритроцитите од апсорбираниот хем, под дејство на ензимот хем – оксигеназа се ослободува како двовалентно. Не-хем железото е присутно во храната како тровалентно. Треба да постигнеме задоволително ниво на железо со конзумирање на здрава исхрана како што е: црвено месо, риба, јаткасти плодови, јајца, житарки, брашно, спанаќ, леќа, киви, јагоди, карфиол, брокула, компири, домати итн. Кога конзумираме храна богата со железо треба да избегнуваме чај, кафе, млеко и црвено вино, затоа што тие го спречуваат апсорбирањето на железото. Калциум исто така ја спречува апсорпцијата, доколку внесувате дополнителен минерал надвор од исхраната избегнувајте ја комбинацијата железо – калциум. Доколку конзумираме само железо од растително потекло, треба да се потрудиме со таа храна да внесуваме и храна што содржи доволно количество на витамин Ц.

ЛАБОРАТОРИСКА ДИЈАГНОСТИКА
Серумското железо заедно со хемоглобинот, еритроцитите и параметрите MCH, MCHC и MCV, даваат слика на состојбата на коскена срцевина, односно дали постои анемија и за каков тип на истата се работи. Во лабораториската дијагностика за докажување на пореметување на метаболизмот на железото се испитуваат различни параметри. Како што се концентрација на железото во серум (Fe), вкупен капацитет на врзување на железото (TIBC), слободен капацитет на врзување на железото (UIBC), феритин, концентрација на трансферин и други. На овие лабораториски параметри можат да влијаат физиолошки и патофизиолошки состојби на организмот како бременост, менструален циклус, внес на орални суплементи кои содржат железо, орални контрацептиви, акутни и хронични инфламаторни процеси итн. Мора посебно да напоменеме дека концентрацијата на железото варира од ден на ден, дури и во тек на истиот ден, а тие варијации се дури до 30 отсто, поради што крвта мора да се земе исклучиво рано наутро, помеѓу 7 и 9 часот, после 12 до 14 часа физиолошко ноќно гладување. Очекуваните референтни вредности за серумско железо се врзани со возраста и полот и се декларирани заедно со резултатите кои ги издава лабораторијата.

ТРЕТМАН
Најважно е да се превенира екцесивната загува на железо и да се гарантира доволна количина на железо во исхраната. Супституцијата на железо најчесто се дава орално, во прилог ни одат суплементи кои содржат плус витамин Ц, бидејќи железото придонесува за нормално функционирање на црвени крвни зрнца и хемоглобин, а витамин Ц ја зголемува апсорпцијата на железото. Многу ни е важно суплементите да содржат микроинкапсуларно, микронизирано железо во облик на железо пирофосфат за да се оневозможи директен контакт со слузница на дигестивен тракт. Таквата формулација обезбедува висока биорасположливост, добра гастроинтестинална подносливост, без метален вкус во устата, без пребоеност на забите, слузокожа и темна столица.