Најпогодени од намалувањето на понудата на нафта и придружниот скок на цената на суровата нафта се регионите со висок степен на зависност од увоз и висок удел на фосилни горива во нивните примарни енергетски системи. Тоа значи дека најекспонираните индустрии на пазарот во развој се зависни од увоз, особено во Јужна и Југоисточна Азија, а тешките индустрии на Јапонија и Јужна Кореја се суперзависни од увоз

Кои земји би биле најзагрозени доколку цената на нафтата достигне 100 долари

Минатата недела ОПЕК+ објави намалување на производството за 1,16 милион барели дневно, потег што нафтените пазари не го очекуваа. Што ќе се случува понатаму?
– Би се случувал „данок“ на секоја економија што увезува нафта. САД не би ја почувствувале најсилно болката од нафтата од 100 долари, тоа би биле земјите што немаат домашни нафтени ресурси: Јапонија, Индија, Германија, Франција… да наведам некои од големите примери – изјави Павел Молчанов, извршен директор на приватната инвестициска банка „Рејмонд Џејмс“.

Внимание, во мај почнуваат планирани седуммесечни намалувања на производството на нафта

Намалувањата на производството на нафта на земјите од т.н. нафтен картел треба да започнат во мај и да траат до крајот на 2023 година. И Саудиска Арабија и Русија ќе го намалат производството на нафта за 500.000 барели дневно до крајот на оваа година, додека другите членки на ОПЕК, како Кувајт, Оман, Ирак, Алжир и Казахстан, исто така планирано ќе го намалуваат производството.
Фјучерсите на суровата нафта брент последен пат се тргуваа за 0,57 отсто повисоко, на 85,41 долари за барел, додека американските фјучерси на вест тексас интермедит поскапеа за 0,5 отсто, на 81,11 долари за барел.

Што ќе се случува во државите што во голема мера се потпираат на увоз на нафта

– Најпогодени од намалувањето на понудата на нафта и придружниот скок на цената на суровата нафта се регионите со висок степен на зависност од увоз и висок удел на фосилни горива во нивните примарни енергетски системи. Тоа значи дека најекспонираните индустрии на пазарот во развој се зависни од увоз, особено во Јужна и Југоисточна Азија, а тешките индустрии на Јапонија и Јужна Кореја се суперзависни од увоз – рече директорот на „Евразија груп“, Хенинг Глојшејн.

Индија

Индија е трет најголем потрошувач на нафта во светот и ја купува руската нафта со длабок попуст откако беа воведени санкциите кон Русија како одговор на војната во Украина. Според владините податоци, увозот на сурова нафта во Индија пораснал за 8,5 отсто во февруари во споредба со истиот период минатата година.
– Индиската економија веќе страда од високите цени на јагленот и гасот. Доколку нафтата дополнително порасне, дури и намалената руска нафта ќе почне да му штети на растот на Индија – рече Глојшејн.

Јапонија

Нафтата е најважниот извор на енергија во Јапонија и сочинува околу 40 отсто од вкупното снабдување со енергија.
– Бидејќи нема значително домашно производство, Јапонија во голема мера зависи од увозот на сурова нафта, а меѓу 80 и 90 отсто доаѓа од регионот на Блискиот Исток – објави Меѓународната агенција за енергија.

Јужна Кореја

За Јужна Кореја, нафтата го сочинува најголемиот дел од нејзините енергетски потреби, според независната истражувачка компанија „Енердата“.
– Јужна Кореја и Италија се повеќе од 75 отсто зависни од увезената нафта – посочи Молчанов.
Според Глојшејн, Европа и Кина се исто така „многу изложени“. Сепак, тој додаде дека изложеноста на Кина е малку помала поради домашното производство на нафта.

Влијание на намаленото производство на нафта врз економиите во развој

– Некои пазари во развој што „немаат девизни можности да го поддржат овој увоз на гориво“ ќе бидат негативно погодени од цената од 100 долари – рече Молчанов.
Тој ги наведе Аргентина, Турција, Јужна Африка и Пакистан како потенцијални економии што ќе бидат погодени.
– Шри Ланка, која не произведува нафта дома и е 100 отсто зависна од увоз, е исто така многу ранлива на потешко погодени – рече Молчанов.
Според Амрита Сен, основач на „Енергетски аспекти“, најмногу ќе настрадаат земјите со најмалку странски валути и кои се увозници, бидејќи цената на нафтата сè уште е во американски долари. Притоа тој појаснува дека цената на увозот уште повеќе ќе порасне доколку доларот расте.

Цената од 100 долари за барел нема да трае вечно

Сепак, иако 100 долари за барел можеби се на хоризонтот, повисоката цена можеби нема да остане долго, според Молчанов, кој додава дека тоа нема да биде „постојано ниво“.
– Долгорочно, цените би можеле да бидат повеќе во согласност со она што сме денес – во регионот од околу 80 до 90 долари – рече тој.
Според Хенинг Глојшејн, директор на „Евразија груп“, кога нафтата ќе достигне 100 долари за барел и ќе остане таму некое време, тоа ќе ги охрабри производителите повторно да го зголемат производството.