Џанг Ѕуо, амбасадор на НР Кина во Македонија

Прашањето на Тајван е во сржта на клучните интереси на Кина и во него не може да
се мешаат никакви надворешни сили. Би сакале да им ставиме до знаење на оние кои се
обидуваат да ја саботираат меѓународната правда во име на меѓународниот поредок:
нема да има никаква нејасност во нашиот одговор кон секој кој се обидува да го наруши принципот на една Кина, никогаш нема да отстапиме пред каков било чин што го поткопува суверенитетот и безбедноста на Кина.

Прво, принципот Една Кина е политичката основа на која Кина ги развива односите
со другите земји. Има само една Кина во светот и Тајван е неотуѓив дел од територијата
на Кина, а владата на Народна Република Кина е единствената легална влада што ја
претставува цела Кина. Во ОН островот се нарекува „Тајван, провинција Кина“. Во
официјалните правни мислења на Канцеларијата за правни прашања на секретаријатот
на ОН беше јасно наведено дека „Обединетите нации го сметаат „Тајван“ како
провинција на Кина без посебен статус“, а „властите“ во „Тајпеј“ се не се смета дека
уживаат каква било форма на владин статус“. Во Заедничкото коминике Кина-САД за
воспоставување дипломатски односи, објавено во декември 1978 година, се вели:
„Владата на Соединетите Американски Држави ја признава кинеската позиција дека
постои само една Кина и Тајван е дел од Кина“. Исто така, се наведува: „Соединетите
Американски Држави ја признаваат Владата на Народна Република Кина како
единствена легална влада на Кина. Во овој контекст, народот на Соединетите Држави ќе одржува културни, трговски и други неофицијални односи со народот на Тајван“. До
денес, 182 земји, вклучително и Соединетите Американски Држави, имаат воспоставено
дипломатски односи со НР Кина врз основа на принципот една Кина.

Второ, сепаратизмот ќе го фрли Тајван во бездна и ќе донесе ништо друго освен
катастрофа на островот. За да ги заштитиме интересите на кинеската нација како целина, вклучувајќи ги и нашите сонародници во Тајван, ние мора решително да се
спротивставиме на тоа и да работиме на мирно обединување. Подготвени сме да создадеме огромен простор за мирно обединување, но нема да оставиме простор за
сепаратистички активности во каква било форма. Тајван е неотуѓив дел од територијата
на Кина уште од античко време, а двете страни на теснецот припаѓаат на една иста Кина.
Ова е историјата на Тајван, а исто така е статус кво на Тајван. Враќањето на Тајван во
Кина е компонента на повоениот меѓународен поредок, црно-бело напишано во
Декларацијата од Каиро и во Прокламацијата од Потсдам. Принципот една Кина го
претставува универзалниот консензус на меѓународната заедница, таа е во согласност со основните норми на меѓународните односи. Не е кинеското копно, туку сепаратистичките сили „независност на Тајван“ и неколку земји кои се обидуваат да ја
искористат „независноста на Тајван“, кои ги нарушуваат меѓународните правила,
еднострано го менуваат статус квото и ја поткопуваат стабилноста преку Теснецот.
Нивното дефинирање на правила, статус кво и стабилност всушност има за цел да го
поништи принципот на една Кина, да постигне „мирна поделба“ на Кина и на крајот да
ја помеша историјата на Втората светска војна, да го поништи повоениот поредок и да го погази кинескиот суверенитет.

Трето, националното обединување е суштински чекор кон националното
подмладување. Иднината на Тајван лежи во повторното обединување на Кина, а
благосостојбата на луѓето во Тајван зависи од подмладување на кинеската нација,
потфат што се однесува на иднината и судбината на луѓето од двете страни. Обединета и просперитетна Кина ќе биде благослов за сите Кинези, додека слабата и поделена Кина ќе биде катастрофа. Само подмладувањето и просперитетот на Кина можат да донесат животи со изобилство и среќа на двете страни. Но, тоа бара заеднички напори на двете страни, како и целосно обединување на земјата. Сепаратистичката пропаганда и нерешениот политички спор меѓу двете страни создадоа заблуди за односите меѓу
теснецот, проблеми со националниот идентитет и сомневања за националното обединување кај некои сограѓани Кинези во Тајван. Крвта е погуста од водата, а луѓето
од двете страни на теснецот ја делат роднинската врска. Имаме големо трпение и
толеранција и ќе создадеме услови за поблиска размена и комуникација меѓу двете
страни и да го зголемиме знаењето на нашите сонародници за копното и да ги намалиме
овие заблуди и сомневања, со цел да им помогнеме да се спротивстават на
манипулациите на сепаратистите. Ќе се здружиме со нашите сограѓани Кинези во Тајван
за да се стремиме кон национално обединување и подмладување.

Четврто, прашањето на Тајван се чисто внатрешни работи на Кина кои не дозволуваат странско мешање. Секој обид да се искористи прашањето на Тајван како изговор за мешање во внатрешните работи на Кина или попречување на обединувањето на Кина ќе наиде на решително противење на кинескиот народ, вклучително и нашите сонародници во Тајван. Никој не треба да ја потценува нашата решителност, волја и способност да го браниме суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.

Секогаш ќе бидеме подготвени да одговориме со употреба на сила или други неопходни средства за мешање на надворешни сили или радикални дејствија на сепаратистички елементи. Нашата крајна цел е да ги обезбедиме изгледите за мирно повторно обединување на Кина и да го унапредиме овој процес. Кина нема да изгуби ниту еден дел од својата територија што е обновена. Правилно и соодветно е Кина да го поддржува својот суверенитет и територијален интегритет. И воспоставениот повоен меѓународен поредок нема да се наруши. На 26 март годинава Кина воспостави дипломатски врски со Хондурас. Уште еднаш, добро е докажано дека придржувањето кон принципот една Кина има огромна поддршка од меѓународната заедница и го претставува трендот на светот.

Кинеската влада и кинескиот народ никогаш нема да бидат двосмислени или отстапени како одговор на некој што ќе се обиде да го наруши принципот на една Кина и пред каков било чин што го поткопува суверенитетот и безбедноста на Кина. Со еден збор, оние кои си играат со оган на прашањето на Тајван се осудени на неуспех.

Автор: Џанг Ѕуо, амбасадор на НР Кина во Македонија