Фото: Александре де Кро/ инстаграм

Белгискиот премиер, Александре де Кро, смета дека она што се случува денеска во Газа „веќе не е пропорционално“, пренесува британски „Гардијан“.

Тој го осуди нападот на Хамас на 7 октомври, нагласувајќи го правото на Израел да се брани.

Од друга страна, рече дека не го смета за пропорционално бомбардирањето на бегалски камп за елиминирање на еден терорист.

Де Кро додаде дека е „сосема логично“ да се бара „решение“ за Хамас, но „прашањето е како да се најде решение“ за време на политички дијалог, пауза во борбите и ослободување на сите заложници.

– Нашата земја не зазема страна. Она што го избираме е крај на насилството и илјадници цивилни жртви – рече белгискиот премиер.