Обединетите нации (ОН) објавија дека во бруталните израелски напади врз Појасот Газа од 7 октомври па наваму во просек на секои десет минути загинало по едно дете, а две се повредени.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA) објави соопштение за бројот на убиени деца во Газа.

– За време на војната на секои десет минути просечно загинало по едно дете, а две биле ранети. Заштитата на цивилите во време на конфликт не е само желба или идеал, туку одговорност и посветеност на нашата заедничка хуманост. Цивилите мора да бидат заштитени каде и да се – соопшти УНРВА, а пренесе „Анадолија“.

Во израелското бомбардирање на Појасот Газа загинаа најмалку 10.022 Палестинци, меѓу кои 4.104 деца и 2.641 жени. Според официјалните податоци, во Израел загинале околу 1.400 луѓе.

Покрај големиот број жртви и масовното раселување, основните резерви се при крај за 2,3 милиони жители на Појасот Газа поради израелската опсада.