California floods
Фото: ЕПА

Обилните дождови што паднаа во последните денови во големи делови од Калифорнија предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а три лица загинаа.

Како што објави „Би-би-си“, бурите, за кои се очекува да продолжат во текот на денешниот ден, донесоа 27 сантиметри дожд во некои делови од округот Лос Анџелес, предизвикаа евакуации и го блокираа сообраќајот на главните улици.

Службите за итни случаи мораа да спроведат неколку операции за спасување, вклучително и луѓе заглавени во возилата поради зголемувањето на поплавните води.

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, прогласи вонредна состојба во Лос Анџелес и другите окрузи во Јужна Калифорнија.

Околу 100.000 луѓе во државата од синоќа се без електрична енергија.

Американскиот метеоролошки центар соопшти дека „можни се бројни ненадејни поплави“.

– Покрај тоа, многу потоци би можеле да надојдат, што потенцијално ќе влијае на поголемите реки“ – додаде тој.