Фото: Фејсбук/МНР на Русија

Висок руски дипломат изјави дека преговорите за безбедносните гаранции за Русија не можат да започнат додека инструкторите и „платениците“ на НАТО се во Украина, односно додека Западот продолжува да испраќа оружје во Украина.

Александар Дарчиев, еден од шефовите во руското Министерство за надворешни работи задолжен за Северна Америка, рече дека „преговорите ќе бидат предвремени додека не престане испраќањето оружје и финансирањето на режимот на Зеленски и додека не се повлечат американските и НАТО платениците и инструкторите од Украина“.