Зошто Иран избра да ескалира и да возврати со напад на Израел со бараж од 300 УАВ (беспилотни воздушни летала или дронови), како и крстосувачки ракети и балистички ракети? Поради зголемената закана за неговите застапници што се надвор од контрола насекаде: Хамас, Хутите и Хезболах, пред сите. Иран требаше повторно да го потврди својот авторитет над овие терористички организации со тоа што ќе се види дека бестрашно влегува во конфликт директно со „малиот ѓавол“, Израел. Но нападот беше погрешен на секој можен начин
Сем Вакнин, аналитичар
Познато е дека претходно Израел бомбардираше структура што му служеше на иранскиот конзулат во Дамаск. Иако не е строго во рамките на комплексот на Амбасадата, таа беше нашироко позната како истурена станица на иранската дипломатија во Сирија.
Јазикот на членовите 21-25 од Виенската конвенција за дипломатски односи (1961) е јасен: амбасадите и конзулатите не се суверена територија и не се вонтериторијални. Тие само уживаат одредени законски исклучоци, тоа е сè.
Значи, зошто Иран избра да ескалира и да возврати со напад на Израел со бараж од 300 УАВ (беспилотни воздушни летала или дронови), како и крстосувачки ракети и балистички ракети?
Поради зголемената закана за неговите застапници што се надвор од контрола насекаде: Хамас, Хутите и Хезболах, пред сите. Иран требаше повторно да го потврди својот авторитет над овие терористички организации со тоа што ќе се види дека бестрашно влегува во конфликт директно со „малиот ѓавол“, Израел.
Но нападот беше погрешен на секој можен начин.
Повеќе од 97 отсто од лансираните проектили беа пресретнати долго пред да стигнат до границите на Израел, откривајќи ја неефикасноста на беспилотните летала, па дури и ракетите како одлучувачки фактори во модерното војување, имајќи предвид дека се соочуваат со одбраната со висока технологија.
Нападот врз Израел барем за момент го оттргна вниманието од маките на Палестинците во Газа и толку најавуваната израелска инвазија на Рафа. Тоа е оттргнувачки прозорец на можности што Израел би можел да го искористи за да продолжи со својата офанзива.
САД, Франција, Обединетото Кралство, па дури и Јордан застанаа на страната на Израел против Иран. Тоа е потсетник дека сунитските земји се всушност доста воодушевени од штетата што Израел му ја нанесува на шиитскиот Иран и неговите застапници, и сунити и шиити.
Земјите како Саудиска Арабија, Јордан и Египет го сметаат Израел како практичен и добредојден тампон против експанзионистичките соништа на Иран и во лицето на култовите на смртта спонзорирани од Иран, кои се прекриваат со религиозно-политичката идеологија на Муслиманското братство.
Конечно, несериозната одмазда на Иран е понижувачка. Таа ги разоткрива неспособноста и корумпираноста на теократијата. Заедно со опаѓачката економија, тоа ќе доведе до граѓански немири во Иран и можеби до подем на пореформистичка низа на политички ислам.
Сите овие позитивни резултати зависат од следниот чекор на Израел.
Мудриот совет на Бајден до Нетанјаху беше „да ја преземе победата“ и да се радува на дебаклот на Иран. Но, екстремно десничарските сили во Израел веќе многу години се подготвуваат за регионалната војна со главниот непријател Иран.
Самиот Нетанјаху, пак, може да испровоцира регионален судир со цел да го оттргне вниманието од неговите правни проблеми и да ги принуди САД да се посветат на неговата агенда.
Таков начин на дејствување би претставувал неублажена катастрофа за еврејската држава.
Израел не може да го победи Иран, особено кога веќе води војна на повеќе други фронтови. САД нема да бидат вовлечени во израелскиот авантуризам. Попрво ќе го остават Израел на својата судбина. Доколку сега избере да му се спротивстави на Иран, Израел ќе ја заврши својата трансформација во втора Северна Кореја, држава на незадоволство. Р.С.