Судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето кое на 3 мај минатата година во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет врсници и чувар на тоа училиште, продолжи денеска во зградата на Вишиот суд во Белград.
Нивниот син, К.К. денеска за првпат одговори на прашањето кое година и пол ги мачи сите родители на убиени деца – зошто ги уби своите врсници. Во пресрет на судењето беше одлучено тој да сведочи од говорница во судницата, а не од посебна просторија.
– Се чувствував отфрлено од децата и затоа го направив тоа. На 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа намерно, но не бев сигурен дека ќе пукам – изјавил К.К., според сознанија на белградски „Информер“.
Пред обвинителството прашања треба да му поставуваат двајца јавни обвинители и главниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, кои во овој случај се инволвирани од почетокот на постапката.
Мајката на момчето, која беше обвинета во овој случај, во судот дошла од слобода, додека таткото е донесен од притвор.
Малолетникот денеска за прв пат е изнесен од установата во која се наоѓа по делото.
Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Миљана Кецмановиќ и на инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.