Британскиот таблоид „Дејли Стар“ го доби облогот во кој тврдеше дека марула што се продава во супермаркет ќе трае подолго од премиерскиот мандат на Лиз Трас, која вчера ја напушти функцијата по 44 дена, откако се соочи со бројни проблеми, пренесува „Политико“.
„Дејли Стар“ преку интернет, во живо, ја прикажуваше состојбата на парчето марула на кое имаше перика.
Таблоидот беше во право бидејќи Трас ќе остане забележана како британска премиерка со најкраток мандат. „Марулата издржа подолго од Лиз Трас“, славенички објави „Дејли Стар“, по што беше прикажано и отворањето на шампањско.
По оставката на Трас, има превирања во британскиот парламент, економијата е на удар, а пратениците треба да го бираат петтиот премиер во изминатите шест години, заклучува „Политико“.