Франција ќе направи сѐ што е во нејзина моќ за да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран на Блискиот Исток, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој го повика Израел да се воздржи од каков било одговор.
– Загрижени сме поради можна ескалација – изјави Макрон за француски медиуми.
Иран истрела стотици беспилотни летала и балистички проектили врз Израел во текот на ноќта во саботата како одговор на наводниот израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април.
– Ќе направиме се што можеме за да избегнеме ситуација што ќе се разгори, ќе ескалира – рече Макрон, повикувајќи го Израел да се обиде да го изолира Иран наместо да ја ескалира ситуацијата.