Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во денешниот телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакна дека Вашингтон води „пропагандна кампања“ за евентуална руска агресија, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
– Пропагандната кампања иницирана од САД и нивните сојузници за „руска агресија“ врз Украина има за цел да провоцира, да ги охрабри властите во Киев. Западот ја охрабрува Украина да го саботира Договорот од Минск, со цел „проблемот Донбас“ да ги реши со сила – посочи Лавров.
Тој повтори дека Вашингтон и Брисел ги игнорираат безбедносните барања на Москва.
Амбасадорот на Русија во Вашингтон, Анатолиј Антонов изјави дека САД алармираат, без никаков доказ, за инвазија врз Украина.
– САД сакаат да создадат впечаток дека агресијата е „неизбежна“ – посочи Антонов.