Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва е подготвена да разговара за размена на затвореници со Вашингтон преку постоечки дипломатски канали.
– Подготвени сме да разговараме на таа тема, но, во рамки на канали што ги договорија претседателите Владимир Путин и Џо Бајден- тврди Лавров за Тасс.
Суд во Русија вчера ја осуди американската кошаркарка Бритни Грајнер на девет години затвор поради шверц на дрога.
Британски медиуми наведуваат дека таа пресуда може да отвори пат кон размена на Грајнер за рускиот трговец со оружје Виктор Бут.