ЕУ од Русија увезува околу 40 отсто од својот гас и 27 отсто од својата нафта. И покрај тоа што сака да ја намали зависноста од увозот на руски енергенси, сепак Европа продолжува да ги набавува. За тоа вкупните трошоци се околу една милијарда евра дневно. Приходите за буџетот на Русија од нафта и гас зафаќаат 36 отсто од вкупниот буџет, а добар дел од нив се од приливи од Европа.