Климатските промени би можеле да ја чинат Германија до 900 милијарди евра до 2050 година, покажа студија нарачана од владата чии резултати се објавени денеска.
Германското Министерство за животна средина, заедно со Министерството за економија и заштита на климата, објави документ во кој се разгледани неколку сценарија од 2022 до 2050 година врз основа на различни нивоа на глобално затоплување.
Најевтиниот модел предвидува трошоци од 280 милијарди евра во временскиот распон.
За 2050 година може да се очекува намалување на бруто домашниот производ од 0,6 до 1,8 проценти поради климатските промени.
Сценаријата не се точни предвидувања бидејќи аспектите како што е намалувањето на квалитетот на животот е тешко да се квантифицираат економски, пренесе ДПА.
– Трошоците за климатските промени може да испадне да бидат многу повисоки отколку што се утврдени со сценаријата во моделот – се додава во студијата.