Во американскиот Конгрес, двајца демократи предложија закон за запирање на
американска продажба на оружје за Саудиска Арабија. Имено, во американскиот
законодавен дом, конгресмените побараа остра акција против Саудиска Арабија. Од друга страна, републиканците во американскиот Конгрес не беа целосно согласни за
преземање акција против Саудиска Арабија
САД ќе донесат Закон за забрана за продажба на оружје на Судиска Арабија
Mинатата недела ОПЕК плус ја намали целта за производство на нафта за два милиони барели, што поттикна некои американски законодавци да побараат остра акција против лидерот на ОПЕК – Саудиска Арабија. Претседателот Џо Бајден рече дека тесно ќе соработува со Конгресот за ова прашање кога членовите ќе се вратат во Конгресот по конгресните избори следниот месец.
– Ќе реагираме до Саудиска Арабија и ќе направиме консултации кога тие ќе се вратат. Ќе преземеме акција – рече претседателот Бајден.
Во американскиот Конгрес, двајца пратеници демократи поднесоа закон за запирање на американска продажба на оружје за Саудиска Арабија, велејќи дека Ријад е движечката сила во одлуката на ОПЕК плус за намалување на глобалното снабдување со нафта за време на војната во Украина.
Демократите во американскиот Конгрес велат дека „Саудиска Арабија донела лоша одлука да застане на страната на Русија, можеби поради нејзиното искуство со администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп“.
– За време на престолонаследникот и премиер Мохамед бин Салман, Саудиска Арабија не им е сојузник на САД – изјави за Гласот на Америка Арон Дејвид Милер, висок соработник во фондацијата „Карнеги“ за меѓународен мир и поранешен блискоисточен аналитичар и преговарач.
Од друга страна, републиканците во американскиот Конгрес не беа целосно согласни за преземање акција против Саудиска Арабија., иако некои го спомнуваа прекршувањето на човековите права во кралството во минатото, како што изјави Брајан Катулис, потпретседател за политика на Институтот за Блискиот Исток, за Гласот на Америка.
Саудиска Арабија вели дека одлуката на ОПЕК плус е едногласна и се заснова на економски размислувања. ОПЕК плус се однесува на групацијата од 23 земји извознички на нафта што одлучуваат колку да продадат на светскиот пазар, а ја вклучува и Русија.
Саудиска Арабија ќе ѝ помогне на Украина како сојузник на САД
Саудиска Арабија ќе обезбеди хуманитарна помош во вредност од 400 милиони долари за Украина, за што престолонаследникот Мохамед бин Салман веќе го известил телефонски украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави саудиската државна новинска агенција СПА. Притоа, престолонаследникот ја изразил подготвеноста на кралството да продолжи со посредничките напори и да поддржи сѐ што придонесува за деескалација.
Претходно беше објавено дека американскиот претседател Џо Бајден го овластил државниот секретар да „насочи повлекување до 725 милиони долари во одбранбени артикли и услуги на Министерството за одбрана, како и воено образование и обука“ за помош на Украина.
Украина очекува САД и Германија да испорачаат софистицирани противвоздушни системи овој месец за да ѝ помогнат да се спротивстави на нападите од руски ракети и беспилотни летала камикаѕе – изјави во петокот министерот за одбрана Олексеј Резников.
Подготвил: Mарјан Велевски