Портпаролот на јапонската влада Хироказу Мацуно изјави дека земјата ќе воведе дополнителни санкции против Северна Кореја со замрзнување на средствата на групите вклучени во ракетниот развој.
-Не можеме да ги толерираме повторените провокативни акции на Северна Кореја кои ја загрозуваат безбедноста на Јапонија и меѓународниот мир и безбедност – рече Мацуно, пренесува Ројтерс.
Северна Кореја минатата недела истрела балистичка ракета со краток дострел во морето кај нејзиниот источен брег, соопшти тогаш војската на Јужна Кореја.
Загриженоста за нуклеарната програма на Северна Кореја се зголеми откако Пјонгјанг минатиот месец усвои закон со кој се дозволува превентивна употреба на нуклеарно оружје во одредени ситуации.