Индискиот премиер Нарендра Моди во посета на Русија
Индискиот премиер Нарендра Моди во понеделникот пристигна во Москва во прва неколкудневна посета на странска земја, во неговиот трет мандат. Посетата укажува на мошне вешто политичко балансирање на Индија на глобалната геополитичка сцена, каде што се соочува со предизвици и ги искористува можностите што одговараат на нејзините интереси. Индиската политика, која може да се опише како „усогласена со сите клучни играчи“ во согласност со нејзините национални интереси. Така, според многу геополитички аналитичари, Индија успешно балансира меѓу геополитичкиот Запад и Исток и соодветно е присутна на различни геостратегиски платформи, вклучувајќи го проамериканскиот Квад, руско-кинескиот БРИКС, додека повремено политички флертува и со Иран.
Индискиот премиер Моди му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин за неговото гостопримство, нагласувајќи ја важноста од зајакнување на пријателските врски меѓу Индија и Русија.
Трговската размена меѓу Индија и Русија во минатата година изнесуваше речиси 65 милијарди долари, најмногу благодарение на енергетската соработка. Индискиот министер за надворешни работи Винај Кватра потврди дека прашањата од регионално и глобално значење ќе бидат „важен елемент на преговорите“. Кватра ја истакна важноста на одбранбената соработка како клучен сегмент од стратегиското партнерство меѓу Индија и Русија. Покрај тоа, соработката во енергетскиот сектор е исто така високо на агендата, со проекти како што е изградбата на нуклеарната централа „Куданкулам“ за која Русија помага да се изгради во Индија.
Оваа посета на премиерот Моди на Русија ги истакнува растечките врски меѓу двете земји. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додаде дека Москва и Њу Делхи споделуваат „заемна политичка волја“ за развивање соработка на различни полиња, нагласувајќи ја важноста на интегративните процеси преку членство во заеднички структури како што се БРИКС и ШОС. Р.С.