Хамас денеска соопшти дека во израелските напади врз Појасот Газа загинал командантот Ахмед ал-Гандура. Но, не е прецизирано кога загинал Гандура.
Тој беше член на военото крили на Хамас и командант во северниот дел на Појасот Газа.
Хамас исто така ја потврди и смртта на Ајман Саим, кој ја предводеше ракетната единица, како и на други двајца команданти – Ваел Раџаб и Рафат Салман.