Фото: Принтскрин

Утрово избувна пожар во зградата на Владата на Украина во центарот на Киев – објави украинскиот ТВ канал „Обштественое“.

– Во Печерскиот реон зградата на кабинетот е во пламен – се наведува во објава на „Телеграм“.

Порталот „Страна.уа“ објави фотографија на која се гледа густ чад над Плоштадот на независноста.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека станува збор за владина зграда во Печерскиот реон и дека на местото интервенираат противпожарни екипи.