Пожар избувна утринава во деловен центар во Москва. Станува збор за „Гранд Сетун Плаза“ во западниот дел на руската престолнина. Пожарот го зафатил првиот од четирите ката, јавуваат руските медиуми.
Според Министерството за вонредни состојби, пожарот е локализиран, околу 120 луѓе се евакуирани, 11 се спасени со помош на специјални уреди, а околу 20 се уште се заробени во зградата.
Агенцијата ТАС С наведува дека е можно во зградата да има повеќе луѓе и дека во тек е потрага.
Во гаснењето на пожарот се вклучени повеќе од 340 луѓе и околу 100 единици опрема, вклучително и три хеликоптери.
Министерот за вонредни ситуации Александар Куренков е на местото на пожарот.