Сајтот на руската новинска агенција ТАСС беше подложен на силен хакерски напад.
Главната лента за вести е недостапна за корисниците на агенцијата. Исто така, дописниците на ТАСС во странство не можат да ги испраќаат своите информации.
Тоа не е прв напад врз ТАСС во изминатите денови, но експертите велат дека е најсериозен од почетокот на украинската криза предизвикана од воениот конфликт.