Американскиот претседател Џо Бајден во разговор со новинарите пред да замине за Белфаст денеска изјави дека задржувањето во Русија на Еван Гершкович, новинар на „Вострит џурнал“, е „целосно незаконско“.
– Целосно незаконско. Се обидувам да се поврзам со членовите на семејството на новинарот, изјави Бајден.
Стејт департментот на Гершкович му додели статус на „бесправно задржан“. Сега прашањето за негово враќање е предаден на Одделот на специјалниот претставник на претседателот задолжен за случаи на граѓани на САД кои се во заложништво.
Весникот укажува дека ова е најбрзото присвојување на статус заложник досега. Тој процес обично трае многу подолго.
– Новинарската работоа е нипрокосновена, бараме Еван Гершкович да биде веднаш ослободен – изјави портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.
Бајден вечерва пристига во Северна Ирска за одбележување на 25-годишнината од мировниот договор со што се стави крај на 30-годишното крвопролитие.