Северна Кореја се пофали дека извршила тест на интерконтинентална балистичка ракета од новата генерација. Во исто време Западот изрази сомневање во веродостојноста на информацијата, лиферувана од Пјонгјанг, посочувајќи дека е лажна вест. На графиката се претставени техничките можности на ракетата како што ги презентираше Северна Кореја.
Официјалната Севернокорејска централна новинска агенција (КЦНА) соопшти дека ракетата „Хвасонг-17“ прелетала 1.090 км на максимална надморска висина од 6.248 километри. Ракетата погоди цел во Јапонско Море за време на неодамнешниот тест. За разлика од претходните севернокорејски тестови на интерконтинентални балистички ракети (ИКБМ), фотографиите на КЦНА покажуваат дека „Хвасонг-17“ била директно лансирана од мобилен копнен ракетен систем.
Пјонгјанг првпат го покажа оружјето на воената парада во октомври 2020 година. Првичната анализа шпекулираше дека новата ракета, означена како „Хвасонг-16“, не била тестирана. Ракетата вторпат беше прикажана една година подоцна на саем за одбрана, а аналитичарите заклучија дека официјалната ознака на џиновската ракета е „Хвасонг-17“.