Брисел

Патниците во Европа имаат право на отштета не само во случај ако нивниот лет е откажан туку и ако тој се одложи за повеќе од еден час. Ова минатата недела првпат го пресуди највисокиот суд на Европската Унија. Судот на правдата на ЕУ заклучил дека лет се смета за откажан доколку се одложи за повеќе од еден час. Во образложението на пресудата, судиите наведоа дека патниците тогаш би можеле да претрпат ист степен на непријатност како и во случајот со откажување на летот, бидејќи треба да ги приспособат своите планови, па дури и потенцијално да го пропуштат летот.
Со оваа одлука на Судот на правдата, според европските медиуми, се воведуваат нови принципи во општествата низ ЕУ за време на пандемија, бидејќи изминативе две години голем број патници загубија милиони евра како резултат на откажувањето на патувањата поради ковид-19. Според европските медиуми, ваквиот развој на случувањата говори дека Европа се подготвува да ги заштити граѓаните повеќе и по завршувањето на пандемијата.

Подготвил: Дејан Србиновски