Фото: Принтскрин

Неколку експлозии се слушнаа во украинскиот главен град Киев, јавија западни медиуми. Експлозии се регистрирани и во украинскиот град Харков.

Украинските власти потврдија дека голема воздушна операција од руските сили е преземена со хеликоптери Ми-8 и авиони Антонов врз меѓународниот карго аеродром во Гостомел, пренесува МИА. Градот е во Киевската област.

Украинските власти потврдија дека е нападнат воениот аеродром во близина на Киев. Нападот го извршуваат руските сили со хеликоптери.

Украинските гранични власти соопштија дека руската војска се обидува да навлезе во украинскиот регион Киев и неговиот регион Житомир на границата со Белорусија и дека Русија користи ракетни системи Град.