Фото: Принтскрин

Помина еден месец од разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија, јави агенцијата Анадолија.

Најмалку 45.968 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Турција на 6 февруари.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени со епицентар во Кахраманмараш на 6 февруари погодија околу 13,5 милиони луѓе во областите Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.

Во Сирија загинаа повеќе од 3.500 луѓе, а повеќе од 5.200 беа повредени.

Целиот свет сочувствува со болката на турскиот и сирискиот народ. Уште од првите денови пристигнува помош од различни делови на светот. Меѓу земјите кои испратија спасувачки тимови и помош во облека, ќебиња, греалки и храна се и земјите од Западен Балкан.

Многу хуманитарни организации, институции, членови на невладиниот сектор и поединци собраа и испратија помош во изминатиот период од Албанија, Косово, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, и Хрватска, потсетува Анадолија.