Како што е познато, БРИКС е акроним за моќната групација на водечките светски пазарни развојни економии, како што се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Механизмот на БРИКС има цел да промовира мир, безбедност, развој и соработка. Но она што е во фокусот на плановите на членките на БРИКС, а е исклучително актуелно во јавноста во последно време, тоа е барањето модел за „замена на американските долари во меѓународната трговија“, односно „можноста за воведување заедничка валута на самитот што ќе се одржи во Јужна Африка оваа година“. Нивната идеја е „оградување на американскиот долар за глобалните трансакции преку создавање нова валута“ и за истата иницијатива да добијат поширока поддршка од меѓународната заедница
Повеќе од 30 земји поднеле барање за
приклучување кон групацијата БРИКС
Претставникот од Јужна Африка во БРИКС, амбасадорот Анил Суклал, изјави во јавноста дека „повеќе од 30 земји формално и неформално поднеле барање за приклучување кон БРИКС“. Тој исто така изјави дека „ групацијата БРИКС ќе го зголеми своето членство до крајот на оваа година“.
Имено, според него, последниот извештај од групацијата открива дека земјите подготвени да ѝ се приклучат на алијансата БРИКС се: Авганистан, Алжир, Аргентина, Бахреин, Бангладеш, Белорусија, Египет, Индонезија, Иран, Казахстан, Мексико, Никарагва, Нигерија, Пакистан, Саудиска Арабија, Сенегал, Судан, Сирија, Обединетите Арапски Емирати, Тајланд, Тунис, Турција, Уругвај, Венецуела и Зимбабве. Засега, формална и официјална апликација е испратена од точно тринаесет држави, а другите држави неформално испратиле некаков акт во вид на писмо на намери.
– Ова е позитивна вест за блокот, бидејќи ја покажува довербата на глобалниот југ во раководството на нашата асоцијација – рече амбасадорот Суклал во името на БРИКС.
Како што е познато, БРИКС е акроним за моќната групација на водечките светски пазарни развојни економии, како што се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Механизмот на БРИКС има цел да промовира мир, безбедност, развој и соработка. Но, она што е во фокусот на плановите на членките на БРИКС, а е исклучително актуелно во јавноста во последно време, тоа е барањето модел за „замена на американските долари во меѓународната трговија“, односно „можноста за воведување заедничка валута на самитот што ќе се одржи во Јужна Африка оваа година“. Нивната идеја е „оградување на американскиот долар за глобалните трансакции преку создавање нова валута“ и за истата иницијатива да добијат поширока поддршка од меѓународната заедница.
Нова валута на БРИКС, поддржана во злато
Информациите во медиумите откриваат дека е сѐ позрела идејата за тоа алијансата БРИКС да лансира нова валута, која би била поддржана во злато. Во тој контекст е и информацијата дека блокот на петте основачки држави на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) акумулира значајни количества злато од 2022 година и е меѓу најголемите купувачи на тој благороден метал. Имено, БРИКС има нескриена намера да го надмине американскиот долар како финансиска валута за глобалните трансакции, односно меѓународна трговија, и да воведе нова валута, која за разлика од доларот, ќе има поткрепа во злато.
Имено, според повеќе светски медиуми, споменатите земји основачи на БРИКС, низ светот купуваат забележителни количества злато за да ја прекинат зависноста од американскиот долар. Неколкуте гореспоменати држави се координираат меѓусебно и наоѓаат нови начини за намирување на трансакциите без да плаќаат со американски долари. Саудиска Арабија и Кина директно разговараат и одлучуваат дали да ги намират прекуграничните плаќања со нивната матична валута. Исто така, Кина се договори со повеќе држави да плаќаат со кинески јуани наместо со американски долар. Покрај тоа, земјите во развој ги диверзифицираат своите резерви со злато заедно со американскиот долар и други странски валути.
Светскиот совет за злато објави извештај во кој се вели дека Кина купила 102 тони злато, додека Русија купила 31,1 тон. Индија додаде 2,8 тони на своите резерви на злато само во 2023 година. Индија акумулира злато неколку месеци и може да додаде уште повеќе до крајот на годината. Затоа, ако БРИКС лансира нова валута во август, постои реална шанса новата БРИКС-валута да биде поддржана со реални резерви со злато.
И Ручир Шарма, претседател на „Рокфелер интернешнл“ во овој контекст изјави дека „земјите во развој што акумулираат злато може да доведат до пад на американскиот долар“. Претседателот на „Рокфелер интернешнл“ ја истакна промената во нивното однесување „од оградување од американскиот долар до наоѓање начини да се направат набавки и акумулирање на злато“.
– Повеќето централни банки имаат тенденција да чуваат девизни резерви во други валути, претежно во американскиот долар. Но, во текот на последната година или нешто повеќе, она што го направија тие е дека го диверзифицираа и купуваа злато на различни начини и во поголеми количества. Поседувањата на злато во централната банка се зголемуваат со најостро темпо што сме го виделе во историјата – рече тој за телевизијата Франс 24.
Саудиска Арабија како точка за брз пресврт во функција на целите на БРИКС
„Блумберг“ анализира дека Саудиска Арабија е една од 19-те земји што сакаат да ѝ се приклучат на алијансата и да ја прифатат новата валута. Имено, според „Блумберг“, „доколку Саудиска Арабија му се приклучи на БРИКС или тргува со валутата што допрва треба да биде објавена, САД би можеле да се соочат со сериозни импликации“, односно „глобалната финансиска моќ ќе се префрли од Запад кон Исток создавајќи нов светски поредок“.
Имено, членството на Саудиска Арабија радикално ќе ја зајакне економската моќ на блокот БРИКС. Саудиска Арабија е меѓу најголемите светски производители и извозници на нафта и поседува значителни резерви на нафта и природен гас. Тоа може да ја подобри енергетската соработка меѓу членките на БРИКС и потенцијално да ги зголеми трговските и инвестициските можности во групата.
Истакнатата улога на Саудиска Арабија на глобалните енергетски пазари може да доведе до поблиска соработка во енергетскиот сектор меѓу земјите на БРИКС. Тоа би можело да ги олесни дискусиите и заедничките ставови и заклучоци за енергетските политики, нивоата на производство и стратегиите за цени. Развојот може да ги натера земјите од БРИКС да уживаат поголемо влијание врз глобалната енергетска динамика. Овој потег може потенцијално да ги промени геополитичките усогласувања и динамиката на моќта во Азија и на Блискиот Исток. Учеството на Саудиска Арабија во БРИКС може да ги промени нејзините традиционални сојузи со другите регионални и глобални сили, како што се Соединетите Американски Држави и Европската Унија.
Според многумина западни аналитичари, вклучувањето на Саудиска Арабија во БРИКС би можело да ја принуди и Европската Унија да го отфрли американскиот долар и да ја реши трговијата со нафта и гас во новата валута. Затоа, приклучувањето на Саудиска Арабија или прифаќањето на валутата на БРИКС може да ги наведе глобалните сили од Запад кон Исток. Соединетите Американски Држави повеќе не би можеле да бидат глобален лидер што му отстапува место на новиот финансиски поредок.
За потсетување, следниот самит на БРИКС ќе се одржи во Кејптаун, Јужна Африка, во август 2023 година. Петте нации на БРИКС, Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, ќе одлучуваат за формирање нова валута.
АСЕАН по стапките на БРИКС во врска со американскиот долар
БРИКС не е единствената група на земји што се обидува да ја прекине зависноста од американскиот долар во 2023 година. По БРИКС, блокот на земји АСЕАН е тој што сака да го следи примерот. Имено, блокот на земји од алијансата АСЕАН постигнаа вербална согласност околу иницијативата да го отфрлат доларот во глобалната трговија. АСЕАН е блок од 10 земји: Брунеи, Камбоџа, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам.
Алијансата АСЕАН се обидува да ги промовира нивните матични валути за прекугранични трансакции со оградување од американскиот долар. Лидерите на 10 југоисточни земји неодамна потпишаа декларација да престанат да го користат американскиот долар за меѓународна трговија и да имаат цел да ги промовираат нивните локални валути.
Десетте земји заеднички прифатија да ги намалат плаќањата во американски долари и да го зголемат глобалното порамнување во домашни валути. Покрај тоа, меѓународната трговија ќе се решава во рамките на постојниот блок од десетте земји, а не со замешателство на други држави или валути надвор од алијансата АСЕАН.
Економистите истакнуваат во своите анализи дека „овој потег ќе ја зајакне моќта на локалните валути на земјите од АСЕАН и ќе го доведе американскиот долар во постепен пад“.
Ова е еден од ретките чекори преземени од страна на земјите во развој на Истокот да го преземат приматот на доларот. Во своите анализи економистите тврдат дека ако продолжи моментот, „многу други земји во развој би можеле да се здружат за да ја прекинат доминацијата на американскиот долар“.