Фото: принтскрин

Основачот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин за прв пат по завршувањето на бунтот во Русија изјави дека неговите борци марширале за да го избегнат „уништувањето“ на „Вагнер“, а не за да го соборат руското раководство.

Евгениј Пригожин во единаесетминутната аудио снимка, објавена на официјалниот  канал „Телеграм“ на неговата компанија „Конкорд“, вели дека бунтот на „Вагнер“ не бил насочен против рускиот претседател Владимир Путин, туку за да укаже на безбедносните проблеми на територијата на целата држава.

– Не ни беше цел да го собориме руското раководство – вели Пригожин, додавајќи дека главната намера на бунтот била да се избегне уништувањето на „Вагнер“, како и да се повикаат на одговорност официјалните лица кои, како што рече, „ направија огромен хаос со нивните непрофесионални постапки бројни грешки“.