Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека Обединетото Кралство одлучило да ги испрати своите преносни противвоздушни ракети „СТАРСтрик“ во Украина, објави „Дифенс њуз“.
Валас истакна дека владата сега бара начин да испорача ракети на Украина и дека украинските војници ќе научат да ги користат.
– Од клучно значење е Украина да ја задржи способноста да лета за да се бори против руските воздушни напади. Веруваме дека ова оружје ќе остане во рамките на дефиницијата за одбранбено оружје. Ќе им овозможиме на украинските сили подобро да го бранат своето небо – изјави Валас пред пратениците во британскиот парламент, истакнувајќи дека украинската влада побарала „СТАРСтрик“.
„СТАРСтрик“ е британски пренослив систем за воздушна одбрана (МАНПАДС). По лансирањето, ракетата забрзува до повеќе од 4 маха, што ја прави најбрзата ракета земја-воздух со краток дострел во светот. „СТАРСтрик“ е во британската армија од 1997 година.
Валас рече дека Обединетото Кралство ќе испрати неколку противтенковски ракети во Украина, како и некои медицински материјали и пакети со храна. Тој посочи дека Русија користи ненаведувани ракети во инвазијата на Украина, како и дека активирала 95 отсто од војниците позиционирани околу Украина.