Фото: ЕПА

Новата развојна банка на БРИКС потврди дека нема итни планови за создавање нова валутна алтернатива за БРИКС. Но, исто така, потврди и дека БРИКС треба да прифати трговска валута што ќе биде поддржана со злато. Од повеќе медиумски извори се потврдува веста дека „се очекува да биде објавено официјално соопштение на претстојниот самит на БРИКС во врска со трговската валута поддржана со злато“. На само еден месец пред одржувањето на официјалниот самит на БРИКС, се очекува дека валутните планови и проширувањето ќе доминираат во дискусиите.

Еволуцијата на БРИКС и исчекор на претстојниот самит во Јоханесбург

Претстојниот самит што треба да се одржи во Јоханесбург ќе биде неизмерно клучен за споменатиот блок-земји. Познато е дека во преден план ќе бидат напорите за проширување. Сепак, останува да се види дали ќе има дискусии за развој на алтернативна валута. А најава за тоа има.

Новата банка за развој на БРИКС изјави дека алтернативата за американски долари за колективот сè уште е како – „долгорочна цел“. Меѓутоа, за обележување е дека медиумот „Русија денес“ забележа дека „валутата (на БРИКС) ќе биде официјално објавена на самитот во август“. Дискусијата на БРИКС за воведување сопствена валута за да му се спротивстави на американскиот долар долго време се разгледуваше. Но има и спротивни изјави во насока на тоа дека „нема непосредни планови за валутата“. Сега се чини дека има планови за трговска валута што би можела да биде врзана со златото.

Овој потег ќе ги продолжи напорите за дедоларизација што блокот ги усвои во текот на целата година. Покрај тоа, како тие ќе влијаат на акцентот што блокот го стави врз развојот на националната валута останува да се види. БРИКС цврсто го прифати растот на своите резерви во кинески јуани, па ќе биде интересно да се види како важноста на златото би можела да влијае на нејзините земји-членки. Р.С.