Фото: Илустрација

Турските цариници конфискуваа преку 230 килограми хероин на источната граница на земјата, известува Министерството за трговија.

Во соопштение, министерството информира дека со помош на кучиња, цариниците ги откриле огромните количества дрога што биле спакувани во 228 пакети, а биле пренесувани во камион што доаѓал од Иран.

Паралелно со ова, жандармеријата открила и запленила два килограми херион во дистриктот Сарај, додека, пак, во Адана запленети се околу 32 коренчиња канабис од видот сатива, што претставува најшироко користената дрога во светски рамки.

Канабисот е пронајден во овоштарник, откако бил идентификуван со помош на дрон.